Малку повеќе од еден месец откако демонстрантите почнаа бунт во Капитол на 6 јануари, Доналд Трамп беше ослободен на второто судење за импичмент за неговата наводна улога во поттикнувањето на настаните откако американските сенатори гласаа со 57-43 не успеаја да ги достигнатпотребните две третини од мнозинството, пренесува „Спутник“.
Нова анкета сега покажуваа дека на хипотетички партиски избори за претседателски кандидат на Републиканската партија во 2024 година, Доналд Трамп би бил фаворизиран кандидат- 54 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе го поддржат поранешниот претседател.
Дури 59 отсто од републиканските гласачи изјавиле дека Трамп треба да има „важна улога“ во Републиканската партија во иднина, покажува анкетата на Политико-Морнинг консалт објавена на 16 февруари. Само 17 отсто сметаат дека поранешниот претседател не треба да има никаква улога во Републиканската партија.
Ова сугерира дека Трамп ја вратил својата претходна позиција бидејќи бројките потсетуваат на оние од крајот на ноември 2020 година, пред падот на поддршката за Трамп во пресрет на немирите во Капитол на 6 јануари.
Сега, три дена по ослободителната пресуда на неговото второ судење за импичмент, позицијата на Трамп се зголеми за 18 процентни поени во тренд на пораст што почна пред судењето на Сенатот.
Анкетата, исто така, покажува дека републиканските гласачи сега се помалку расположени да го обвинуваат Трамп за немирите, во споредба со истражувањето спроведено на 6-7 јануари, непосредно по настаните. Уделот на републиканците кои рекле дека Трамп е многу или донекаде одговорен за настаните паднан за 14 поени, на 27 отсто.
Во меѓувреме, уделот на републиканските гласачите кои го обвинуваат Џо Бајден за немирите во главниот град се зголеми за 4 поени, достигнувајќи 46 отсто. Уделот на оние кои ги сметаат заа одговорни демократите во Конгресот се згоелеми за 10 поени и достигна 58 отсто.
На прашањето дали го одобруваат гласањето за импичмент на Трамп во Претставничкиот дом, 58 отсто од гласачите одговориле дека го одобруваат импичментот на Трамп, што приближно одговара на бројките прикажани по гласањето на Домот на 13 јануари.
Дополнително, 51 отсто од гласачите рекле дека не ја одобруваат ослободителната пресуда на Сенатот за Трамп, а 79 отсто од републиканските гласачи ја одобруваат ослободителната пресуда на Сенатот за поранешниот ПОТУС.