Гвинет Палтроу открива дека минатата година имала коронавирус кој ѝ оставил постојан замор, воспаление на телото и мозочна магла, но дека таа постепено почнала да заздравува со помош на Goop-производи.
„Имав Ковид-19 и тој ме остави со постојан замор, отежнато дишење и мозочна магла“, напиша 48-годишната актерка во статија nа својата веб-страница за лајфстајл и велнес „Гуп“.
Дел од заразените со Ковид-19 имаат „мозочна магла“,односно губење на меморијата, конфузност, потешкотии во фокусирањето, вртоглавица…
„Во јануари, направив неколку тестови кои покажаа навистина високо ниво на воспаление во моето тело,“ додава таа.
Палтроу, која во 2011 година глумеше во Contagion („Зараза“), акционен трилер за смртоносен вирус, рече дека по дијагностицирањето, побарала помош и водство во грижата за себе од експерт за функционална медицина, д-р Вил Кол.
„Откако ги виде сите лабораториски наоди , тој објасни дека ова е случај кога патот до заздравувањето ќе биде подолг од вообичаеното,“ вели Палтроу.
Ѕвездата на „Вљубениот Шекспир“ нагласува дека сега е со зголемен фокус на грижа за себе, додека се воздржува од конзумирање шеќер или алкохол, со нов режим за борба против последиците од вирусот.
„Имам енергија, вежбам наутро и правам инфрацрвена сауна колку што можам почесто, сето тоа во служба на заздравување“.