Утрински Весник
Свет

Европската комисија одобри купување на дополнителни 300 милиони дози од вакцината на „ Модерна “

Европската комисија одобри купување на дополнителни 300 милиони дози од вакцината на „ Модерна “

Европската Комисија го одобри вториот договор со фармацевтската компанија „Модерна“ за набавка на дополнителни 300 милиони дози вакцина против Ковид-19.

Како што информираат од таму, 150 милиони дози вакцини ќе бидат доставени оваа година, а 150 милиони следната година.

“Денес обезбедивме 300 милиони дополнителни дози од вакцината против Ковид-19 произведени од „Модерна“. Вакцината на компанијата е една од трите досега одобрени за употреба во Европската унија”, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Со овие дополнителни дози, ЕУ обезбеди околу 2,6 милијарди дози за нејзините граѓани и за соседните земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела