Утрински Весник
Македонија

Апел на ЈП „Лајка“: Пријавете бездомно куче на кое му треба згрижување

Апел на ЈП „Лајка“: Пријавете бездомно куче на кое му треба згрижување

ЈП „Лајка“ упати апел до граѓаните да пријават бездомно куче на кое му треба згрижување на телефонските броеви: 02/2575-765 и 070 327 828.

„Пред нас е период на студени денови со исклучително ниски температури и до -15 степени, кои се загрижувачки по здравјето и животот на бездомните кучиња. Секоја зима сме сведоци на кучиња кои се измрзнати, прегладнети, во болки и грч од студот. Појавата на хипотермија кај кучиња исто така е честа појава во зимскиот период, како последица на долгочасовна изложеност на ниски температури“, велат од „Лајка“.

Од таму апелираат до оние кои имаат маалски миленици да им направат привремено засолниште, да ги отворат влезовите од нивните домови, да постават топла подлога за спиење, картон, ќебе, стара облека и да им остават храна и вода.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче

Мицкоски: Наскоро ќе видите како се прислушувало последните години, ќе се згрозите