Утрински Весник
Свет

Холандскиот апелационен суд донесе одлука: полицискиот час останува

Холандскиот апелационен суд донесе одлука: полицискиот час останува

Апелациониот суд во Холандија ја суспендираше пресудата со која се наложува владата да го укине полицискиот час во Холандија, бидејќи со тоа се нарушува слободата на движење и собирање.

Хашкиот суд пресуди дека треба да се укине полицискиот час, за што владата веднаш поднесе жалба. Подоцна во текот на денот, повисокиот суд ја суспендираше пресудата, што значи дека полицискиот час ќе продолжи, пренесува „Еуроњуз“.

Во претходната пресуда, хашкиот суд наведе дека полицискиот час е далекосежно кршење на правото на слобода на движење и приватност и (индиректно) го ограничува, меѓу другото, правото на слобода на собирање и демонстрации.

Владата побара и доби забрана или итна наредба, со која тричлениот апелационен совет во Хаг се согласи да ја прекине пресудата и да го задржи полицискиот час во сила до сослушувањето во петок.

Тоа е првиот полициски час во земјата по Втората светска војна и предизвика масовни протести. Стапи во сила на 23 јануари поради загриженост за ширење на заразна британска варијанта на вирусот. Требаше да истече на 9 февруари, но владата минатата недела објави дека мерката е продолжена до 3 март.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година