Утрински Весник
Свет

(Видео) Автобус падна од мост во канал во Индија, загинаа 40 луѓе

(Видео) Автобус падна од мост во канал во Индија, загинаа 40 луѓе

Најмалку 40 луѓе загинаа во сообраќајна несреќа во Индија, откако автобус падна од мост во канал. Автобусот излетал од патот во Маџа Прадеш, при што седуммина од патниците, вклучувајќи го и возачот, успеале да допливаат до брегот.

Во моментот на несреќата, во автобусот имало 60 патници. Спасувачките екипи ги бараат преостанатите патници, пренесе Би-би-си.

Според изјави на сведоци, до несреќата дошло кога возачот изгубил контрола врз возилото по што тоа ја пробило заштитната ограда на мостот и паднало во каналот. Индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер изрази сочувство до семејствата на жртвите и најави дека тие ќе добијат
обесштетување.

На патиштата во Индија секоја година животот го губат околу 150.000 луѓе, а најмногу поради неприлагодената брзина на условите на патот и несовесно возење.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МААЕ: Сè уште не може да се процени штетата под земја во Фордо

Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск

Израел ја проширува офанзивата кон ракетни центри во Иран