Утрински Весник
Свет

Кремљ ги отфрла обвинувањата за кибер-напади од Франција

Кремљ ги отфрла обвинувањата за кибер-напади од Франција

Националната агенција за кибер-безбедност на Франција објави извештај за низа напади насочени кон некои француски компании во периодот од 2017 до 2020 година посочувајќи дека нападите во голема мера личат на претходните кампањи засновани врз принципите на Сендворм, хакерската група често поврзувана со Русија, пренесува „Спутник“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги демантира обвинувањата од страна на француските специјални служби.

„Несомнено е дека Русија не е и не може да биде вклучена во ниту еден компјутерски криминал. Во овој контекст, би сакал да посочам дека Русија е таа што цело време укажува на потребата од меѓународна соработка за борба против кибер-заканите“, рече Песков.

Тој исто така истакна дека француската Агенција за кибер-безбедност не ја префрла вината на Русија бидејќи зборува само за група хакери, кои наводно се поврзани со Русија.

„Формулацијата е малку апсурдна и неправилна. Не може да се каже дека Русија всушност е обвинета за што било“, продолжи Песков.

 

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина