Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со тековните преговори со Бугарија, истакна дека истите ќе водат кон нова катастрофа.
„Јас не сум слушнал дека најавил нов можен договор, во текот на вчерашниот ден слушнав дека планот на активностите практично бил готов, мислам дека македонската јавност заслужува да знае кој е тој план и активности, бидејќи од самиот почеток велиме дека нов документ, нов договор или анекс на договорот или меморандум за разбирање или не знам поинаку како ќе го наречат Заев, Димитров и Османи е на маса и е на барање на нашиот источен сосед“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Треба час поскоро вие како медиуми на македонската јавност да и го обезбедите текстот на овој план за активности, да видиме што опфаќа, затоа што според нашите информации, покрај идентитетските прашања кои што ги опфаќаат македонската традиција, македонските обичаи, македонскиот јазик, македонската историја, македонските дејци, македонските револуционери, има многу и бизнис работи кои што се дел од тој договор “, вели Мицкоски.
„Кога двоецот Бучковски – Заев преговара, тогаш се спрема нова катаклизма, нова катастрофа, економско цунами, но истовремено и национална катастрофа. Така што треба повторно да бидеме будни овој период да не го искористат овие двајца да го распродадат тоа што малку остана за државата“, заклучи Мицкоски.