Утрински Весник
Свет

Уапсен поранешен италијански фудбалер кој имал плантажа со марихуана

Уапсен поранешен италијански фудбалер кој имал плантажа со марихуана

Поранешниот фудбалер во италијанската Серија А, Луиџи Сартор е ставен во домашен притвор откако полицијата го уапсила „ин флагранти“, на напуштена фарма каде одгледувал марихуана, пишува весникот „Фанпејџ“.

Полицијата направила контрола поттикната од неочекуваното барање да се зголеми моќноста на електричната енергија на фармата.

Се покажало дека тоа било потребно бидејќи партнери одгледувале марихуана во стаклена градина.

Сартор, кој сега има 46 години, беше дефанзивец на Интер, а исто така беше член и на Рома и на фудбалскиот клуб од Парма.

Според полициското соопштение, поранешниот фудбалер заедно со партнер одгледувале 106 стебла, од кои може да се добијат повеќе од два килограма марихуана.

Ова не е прв пат некогашниот фудбалер да си има работа со полицијата поради нелегални активности, потсетува весникот.

Уште во 2011 година, Сартор заврши во затвор поради незаконско обложување на резултати од фудбалски натпревари. Обвинението против него беше отфрлено по неколку години, како застарено.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на Гугл предупредува: „Ниедна компанија нема да биде имуна“ ако пукне балонот со вештачката интелигенција

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

ЕУ ќе креира онлајн платформа за регрутирање работници од трети земји