Утрински Весник
Свет

Во Црна Гора откриени седум случаи на британскиот вид на коронавирус

Црна Гора: Во тешка состојба се четворица пациенти со Ковид-19

Британскиот вид на коронавирус е присутен во Црна Гора, каде досега откриени се седум случаи, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Институтот добил потврда од лабораторијата Шарита во Берлин дека британскиот вид на коронавирус е пронајден во седум испратени примероци.

„Присуството на британскиот сој е утврдено со методот на секвенционирање на вирусниот геном“, се вели во соопштението на ИЈЗ.

Се додава дека, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во Црна Гора, а имајќи ја предвид официјалната потврда за присуство на британскиот вид, кој има поголема преносливост, работната група на Институтот за јавно здравје ќе предложи построги здравствени мерки.

Тие апелираат до граѓаните да се придржуваат до веќе пропишаните мерки, пренесува „Вијести“.

„Значи, потребно е правилно да се носат маските, да се одржува физичко растојание, да се избегнуваат секаков вид јавни собири и да се грижиме за хигиената на рацете. Сите овие мерки се ефикасни и можат да нè заштитат од новите соеви на вирусот“, се вели во соопштението на ИЈЗ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд