Утрински Весник
Свет

Русија: Нема разговори за размена на затвореници со САД, Американецот останува во затвор

Русија: Нема разговори за размена на затвореници со САД, Американецот останува во затвор

Руското Министерство за надворешни работи го демантираше извештајот за разговорите меѓу Москва и Вашингтон за можна размена на затвореници, во рамките на која би бил ослободен Пол Вилан, поранешен американски маринец кој е во затвор за шпионажа, пренесе агенцијата РИА.

Вилан беше осуден на 16 години затвор за шпионажа во јуни минатата година. Тој ги негираше сите обвинувања, а неговиот адвокат вчера изјави дека се водат разговори за можно ослободување на Вилан за два до три месеци.

Претходно, адвокатот рече дека разговорите за размена на затвореници биле стопирани поради претседателските избори во Америка и неподготвеноста на администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп да ослободи руски државјанин во време кога има обвинувања за мешање во гласањето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин