Утрински Весник
Магазин

Ковид-19 и повредите го ставија на пауза шоуто „Танцување на мраз“

Ковид-19 и повредите го ставија на пауза шоуто „Танцување на мраз“

ТВ-шоуто „Танцување на мраз“ ќе паузира една недела, откако „Ај-ти-ви“ соопшти дека следниот викенд ќе нема натпреварување во живо, како мерка на претпазливост.

Одлуката следи по заминувањето на актерот Џо-Ворен Плант минатата недела, кога беше објавено дека  бил позитивен на Ковид-19.

Претходно и Џејсон Донован изјави дека нема да се натпреварува викендов поради болки во грбот.

Шоуто ќе се врати на 28 февруари, а следниов викенд ќе се прикажува специјална епизода со хајлајтс од минатите изданија.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трик со мобилен открива крлежи за секунди – малкумина знаат за оваа функција

Работник опиша какви се условите за работа во Германија: „Кај Германец да, кај Балканец никогаш“

Дневен хороскоп за 26 мај 2026 година