Утрински Весник
Македонија

Васев: Кариерата на Милошоски е завршена, местото не му е во Собранието

Васев: Кариерата на Милошоски е завршена, местото не му е во Собранието
300x250 opst2

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски е срам за Собранието и демократијата, и дејствува штетно по угледот на државата, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Тој рече дека последните докази за скандалот „Кражба“ потврдуваат оти Милошоски извршил криминални дејствија кражба и фалсификување кога студирал и живеел во Германија. Истовремено, вели Ваев, пред македонските судови против Милошоски се водат процеси за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе заради лична одмазда.

„На Милошоски местото не му е ниту во Собранието, ниту во политиката, ниту во белиот дворец зад мене, туку пред надлежните судови каде треба да ја дочека разрешницата на предметите што се водат против него. Неговата кариера во политиката е завршена“, изјави Васев.

Според СДСМ, Милошоски делува штетно по демократијата, по угледот на Собранието и државата и треба да се тргне од каков било допир со државните ресурси.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Постапки против дилери на марихуана во Велес и Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети не е орел, туку врапче

Од полноќ почнува изборната кампања – СДСМ од Крушево, ВМРО-ДПМНЕ од Скопје