Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукање во Сараево: Истрели кон раперот Буба Корели и негов роднина

(Видео) Пукање во Сараево: Истрели кон раперот Буба Корели и негов роднина
Dik 300x250 mk

Попладнево околу 16:30 часот дошло до пукање од огнено оружје на улицата Џемал Биједиќ во сараевската населба Ступ, во кое две лица биле повредени, пренесуваат регионалните медиуми.

Наводно било пукано во Омар, роднина на музичарот Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, кој исто така бил со него, пишува „Дневни аваз“. Во инцидентот, според непотврдени информации, Омар бил ранет.

„Полициските службеници излегоа на местото на настанот и пронајдоа две повредени лица“, соопштија од Центарот за операции на Министерството на внатрешни работи на кантонот Сараево, од каде додаваат дека повредените биле пренесени на универзитетскиот Клинички центар.

На кратко видео, кое беше објавена на порталот „Кликс.ба“, се прикажани пет лица, но не е познато колку од нив имаат врска со пукањето.

Според првичните информации, едно лице било приведено на местото на настанот под сомнение дека има врска со пукањето.

Неофицијално, пукал син на поранешен полицаец чиј автомобил бил уништен во експлозија во населбата Нова Отока пред неколку месеци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил