Утрински Весник
Спорт

Шварценегер му оддаде почит на легендарниот кревач Власов

Шварценегер му оддаде почит на легендарниот кревач Власов

Холивудската мега-ѕвезда, Арнолд Шварценегер, му оддаде почит на својот идол, легендарниот советски кревач на товар, Јури Власов, кој почина во саботата на 85 години.

Шварценегер, кој стана славен како бодибилдер во Австрија, пред да се пресели во САД и да стане актерска ѕвезда, но и гувернер на Калифорнија, постојано го именуваше Власов како еден од луѓето кои го инспирирале во животот.

Власов освои четири светски и шест европски титули, постави 31 светски рекорд и стана првиот кревач кој кренал повеќе од 200 килограми. Тој освои злато на Олимпијадата во Рим во 1960 и сребро четири години подоцна во Токио. По пензионирањето, тој стана писател, со десетина објавени романи.

Тренерот на Шварценегер го запозна Австриецот со Власов на СП во 1961 година, кога тој имаше само 14 години, а кога во 1988 година ја посети Москва, тој отиде кај својот идол.

„Јури Власов не научи дека ‘невозможно’ е само збор. Тој беше првиот човек кој крена 200 килограми и ме инспирираше кога го сретнав како млад кревач во 1961 година. Тој е човекот кој ме направи тоа што сум“, напиша Шварценегер.

> Шварценегер му оддаде почит на легендарниот кревач Власов <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина