Утрински Весник
Свет

Турција незадоволна од американската осуда на курдските насилства, на разговор повикан амбасадорот на САД

Турција незадоволна од американската осуда на курдските насилства, на разговор повикан амбасадорот на САД

Турското Министерство за надворешни работи денеска го повикало на разговор американскиот амбасадор во Анкара.

Според турското МНР, до него ќе биде пренесена најсилна реакција по американската изјава за убиството на 13 киднапирани Турци од курдски екстремисти на северот на Ирак.

Турција вчера соопшти дека екстремистите од забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК), која во Турција е прогласена за терористичка група, погубиле затвореници за време на воена операција против истата, објави „Ројтерс“.

Соединетите држави соопштија дека ги осудуваат убиствата доколку се потврди дека ПКК е одговорна за нив.

Претходно на ова реагираше и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, според кого американската изјава на осуда по тој повод звучела како шега.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Опожарена рафинерија во рускиот Краснодарски крај, причина за пожарот пад на делови од соборен дрон

Иранскиот ајатолах Хамнеи погребан по неколкудневна жалост

Израел ги предупредил САД за наводен ирански план за убиство на Трамп