Утрински Весник
Магазин

Хари и Меган веста за бебето ја објавија на ист датум кога Дијана му соопшти на светот дека е бремена

Хари и Меган веста за бебето ја објавија на ист датум кога Дијана му соопшти на светот дека е бремена

Пред 37 години на Денот на вљубените, светските медиуми ја објавија веста дека принцезата Дијана го чека своето второ дете.

Војводата и војвотката од Сасекс објавија дека Меган чека второ дете, помлад брат или сестра за Арчи Маунтбатен-Виндзор. Објавата дојде во неделата на 14 февруари. А 14 февруари е попознат како „Сент Валентајн“ или Ден на вљубените.

Според „Телеграф“, парот одбрал да ја открие веста токму на овој датум затоа што биле среќни и им се допаѓала идејата дека тоа е ден за славење на љубовта.

Но, тајмингот е исто така релевантен, со оглед на тоа што е еден вид ехо на објавата на Дијана, принцезата од Велс, која откри дека го чека своето второ дете, принцот Хари, на 13 февруари 1984 година, вест што беше објавена на глобално ниво следниот ден, на „Сент Валентајн“.

Принцезата Дијана објави дека е бремена со принцот Хари на Денот на вљубените, 1984 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста