Утрински Весник
Свет

Израелски тенкови влегле во Газа, отвориле оган кон земјоделците

Израелски тенкови влегле во Газа, отвориле оган кон земјоделците
Dik 300x250 mk

Голем број израелски тенкови денеска извршиле упад на истокот од градот Џабалја на северот од Појасот Газа и отвориле оган кон палестинските земјоделци, соопштија палестински безбедносни извори.

Според изворите, три булдожери и три тенка ги прегазиле границите и газеле земјоделско земјиште и фарми во внатрешноста на Појасот Газа. Тие уништиле земјиште, кренале насипи, отвориле оган и фрлиле канистри со чад.

Израелските беспилотни летала надлетувале за време на упадот.

Во неделата, шест израелски тенка нападнаа области источно од Бет Лахија и отворија оган кон палестинските земјоделци за да ги принудат да ги напуштат своите фарми, при што срамнија неколку земјоделски објекти. Палестинските земјоделци и рибари трпат скоро секојдневни напади од страна на израелските сили.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи