Утрински Весник
Свет

Британски научници: Новиот вид на коронавирус може да биде значително поубиствен од обичниот вирус

Седумгодишно момче почина од вирусот во САД – немало други болести

Научници кои ја советуваат британската влада како одговор на пандемијата, велат дека новиот вид на коронавирус, откриен во Велика Британија, е најверојатно поубиствен од оригиналот, пишуваат британски медиуми.

Научниците кои објавиле нови резултати од неколку студии, проценуваат дека новиот вид, попознат како Б.1.1.7, може да биде од 30 до 70 проценти поубиствен од оригиналниот вирус.

Претходно беше откриено дека новиот сој на коронавирусот се шири побрзо, а премиерот Борис Џонсон на почетокот на овој месец објави дека „тоа исто така може да биде поврзано со зголемување на стапката на смртност“.

„Бизнис инсајдер“, пишува дека публикацијата на научниците сега ја потврдува оваа теза, но тие нагласуваат дека потребни се неколку подетални студии за да се донесе конечен заклучок во врска со новиот вид и смрт.
Британскиот вид досега е откриен во најмалку 82 држави, пренесуваат светските медиуми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата