Утрински Весник
Свет

Три чудни сигнали можат да покажат дека сте прележале на кoронавирус

Три чудни сигнали можат да покажат дека сте прележале на кoронавирус

Медицинското списание „Лансет“ ги објави збирните резултати од студиите за последиците од коронавирусот, а во текстот се наведени и симптомите што ги чувствуваат луѓето кои биле излекувани од коронавирусот со недели, дури и месеци по лекувањето.

„Лансет“ наведува вкупно девет симптоми кај испитаници кои имале умерена до тешка клиничка слика, а многу од нив биле хоспитализирани. Според студијата, три четвртини од нив имале барем еден од следниве симптоми дури шест месеци по акутната фаза на болеста.

Дури 26 проценти од испитаниците имале проблеми со спиењето, несоница или тешкотии при заспивање, што е сериозен проблем затоа што добриот и редовен сон е еден од клучните начини за закрепнување на организмот, а овие долгорочни симптоми го попречуваат и забавуваат закрепнувањето. Понатаму, депресијата и вознемиреноста биле пријавени од 23 проценти од испитаниците.

„ Ова се вообичаени последици од хронични болести, бидејќи едно лице има впечаток дека телото го изневерило, дека не може да предвиди што ќе се случи понатаму, ниту да го препознае сопствениот организам. Ова предизвикува вознемиреност, слаба концентрација, проблеми со спиењето, кошмари и грижи “Болеста честопати нè изолира од нашиот систем за поддршка, па затоа сами се справуваме со овие чувства. Анксиозноста во тешки форми може исто така да доведе до напади на паника”, вели Теса Милер, автор на “Што не те убива”.

Девет проценти од испитаниците пријавиле болка во зглобовите, што е честа појава во воспалителните процеси во телото.

„ Воспалението го напаѓа зглобното ткиво, предизвикувајќи оток, задржување на течности, оштетување на мускулите и други проблеми“, објасни ортопедскиот хирург д-р Кристофер Траверс.

Студијата исто така вклучува и претходно познати симптоми како што се мускулна слабост, брз замор, плитко дишење, губење на чувството за мирис и вкус, како и опаѓање на косата. Сепак, горенаведените три симптоми се издвојуваа во текстот како особено интересни бидејќи досега не ги пријавиле многу луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња