Утрински Весник
Свет

Хрватски граѓани се пријавуваат да ја примат руската вакцина во БиХ

Хрватски граѓани се пријавуваат да ја примат руската вакцина во БиХ

Малиот град Груде во Западнохерцеговскиот кантон на БиХ стана интересен за граѓаните на Хрватска по повикот од тамошниот Институт за јавно здравје да аплицираат за руска вакцина против коронавирусот по цена од 25 до 40 конвертибилни марки за доза.

Сплитска „Слободна Далмација“ пишува дека до петокот вечерта во Груде биле регистрирани повеќе од пет илјади имиња, од кои стотици биле хрватски државјани.

„Се плаќа во аптека, ние ги земаме дозите за тој ден според планот за вакцинација и му издаваме сметка на корисникот. Ни требаат само вашите податоци, и тоа е тоа – рече медицинска сестра од Институтот за јавно здравје во Груде.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус