Утрински Весник
Свет

Словенија и Хрватска ги олеснуваат епидемиолошките мерки

Словенија и Хрватска ги олеснуваат епидемиолошките мерки

Словенија и Хрватска полека ги олеснуваат епидемиолошките мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19. Забраните за патување меѓу општините и регионите во Словенија се укинати, отворени се сите продавници и повторно се дозволени собири до десет лица откако земјата се префрли на портокаловото ниво на ограничувања.

Собирите на јавни простори досега им беа дозволени на семејствата и членовите на исто домаќинство, но од денеска тие се ограничени на десет лица, поголемите настани или собири се уште се забранети, а полицискиот час од 21 до 6 часот наутро останува во сила.Сите продавници можат да се отворат од денеска, под услов персоналот да има негативен тест за коронавирус и ќе мора да се тестираат еднаш неделно. Укинати се и ограничувањата во областа на спортот и рекреацијата со дозвола на бесконтактни тренинзи за поединци и групи до десет спортисти, а спортските настани засега остануваат без гледачи.

Кафулињата во Хрватска од денеска почнуваат да работат со тоа што ќе продаваат пијалоци „за носење“. Спортски сали, фитнес центри и училишта за странски јазици, детски игралишта и работилници, клубови за автомати, казина и обложувачници, исто така, ќе можат да работат.Олеснувањето на мерките е придружено со прецизна епидемиолошка рамка, така што луѓето кои земаат храна и пијалоци не смеат да останат на терасите во кафулињата или пред нив.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дронови погодиле два грчки танкера во Црното Море

Специјалниот обвинител побара смртна казна за поранешниот претседател на Јужна Кореја

Хулио Иглесијас се соочува со обвиненија за сексуален напад