Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време

Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време
300x250 opst2

Државниот пазарен инспекторат затвори угостителски објект во Куманово затоа што работел по дозволеното време.

Според информациите на МВР, вчера во полиција било пријавено дека во угостителски објект на улица Ѓорче Петров во Куманово не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија. Полициски службеници извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното време, а во објектот биле затекнати девет гости, сопственикот А.Т.(43) и еден вработен.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Муцунски – Плаколм: Поддршка од Австрија за проширувањето на ЕУ

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Македонец до смрт претепан во Љубљана