Утрински Весник
Македонија

Вучиќ му ги предаде првите дози вакцини на Заев

Вучиќ му ги предаде првите дози вакцини на Заев

Претседателот Александар Вучиќ денеска му го предаде на премиерот Зоран Заев првиот контингент вакцини што Србија ни ги донира. Пратката содржи 4.680 вакцини на компанијата „Фајзер“, неопходни за имунизација на граѓаните против коронавирусот.

„ Донесовме 4.680 вакцини, тоа е во првата фаза. Мислам дека тоа е добра вест за нашите браќа”, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека компанијата „Фајзер“ побарала вакцините да бидат предадени според сите процедури.

Ова е половина од претходно договорените околу 8.000 дози што Србија ќе ѝ ги обезбеди на Северна Македонија.

Примопредавањето на вакцините првично беше закажано за четврток, но беше одложено за три дена поради потребата да се добие дополнителна техничка документација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Царинска управа: Спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над 5 илјади алатки за тетовирање, моторцикл, фалсификати

Влада: Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование

Посета на Началникот на Генералштабот на Армијата на Кралската Воена Академија Сандхрст