Утрински Весник
Спорт

Кире Лазаров нов селектор на ракометната репрезентација

Кире Лазаров нов селектор на ракометната репрезентација

Легендарниот македонски ракометар Кирил Лазаров е нов селектор на машката репрезентација. На вчерашната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација донесена е одлука Лазаров да ја преземе работата со националниот тим.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ја потврди одлуката донесена на вчерашниот состанок на управниот одбор на РФМ.

„Ја имам таа привилегија и чест да кажам дека е донесена важна одлука за иднината на македонскиот ракомет. На вчерашниот состанок на УО на РФМ одлучено е нов тренер на машката репрезентација да биде Кирил Лазаров. Се договоривме со Кире тој да биде нов селектор – тренер во период од една година додека да добие мастер-коуч диплома. Потоа ќе добие четиригодишен договор како селектор. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе се бориме за македонскиот ракомет“, изјави Мукаетов.

> Кире Лазаров нов селектор на ракометната репрезентација <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига