Утрински Весник
Свет

Над 1 милион лица се вакцинирани со две дози во Шпанија

Над 1 милион лица се вакцинирани со две дози во Шпанија

Вкупниот број на лица во Шпанија вакцинирани со две дози од вакцините на Фајзер/Бионтек и Модерна е 1.000.485.

17.416 лица ги примиле првите дози на вакцината Астра зенека. Вкупно, повеќе од 2,4 милиони луѓе се вакцинирани во земјата.

Во последните 24 часа, во Шпанија се регистрирани 14.581 нови случаи на зараза со Ковид-19 и 530 смртни случаи. Бројот на заразени е најмал на дневна основа од крајот на декември, а постепено се намалува и стапката на ширење на вирусот во земјата. За 14 дена, во просек биле регистрирани 540 случаи на зараза на 100.000 жители, во споредба со 900 на 100.000 жители од крајот на јануари. Некои области почнаа да ги олабавуваат ограничувањата, објави Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите