Утрински Весник
Свет

Италија има нов премиер

Италија има нов премиер

Марио Драги, поранешен гувернер на Европската централна банка, ја прифати функцијата премиер на Италија и претстави нова влада на политичари и технократи кои треба да ја извлечат Италија од политичката криза среде пандемија.

Портпаролот на претседателската палата вечерба објави дека Драги ја прифатил функцијата во Квиринал на состанокот со претседателот Серџо Матарела, кој го назначи за мандатар на 3 февруари откако Џузепе Конте мораше да поднесе оставка на 26 јануари по распадот на владината коалиција.

Познат како „Супер Марио“ по неговата улога во должничката криза во еврозоната во 2012 година, Драги треба да положи заклетва во сабота, а на почетокот на следната недела да побара гласање за доверба во парламентот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пад на цените на нафтата по објавата за можен договор меѓу САД и Иран

Над 900 случаи на ебола во Конго

Има сериозен предлог за договор меѓу САД и Иран тврди Рубио