Утрински Весник
Свет

Бајден има намера да го затвори Гвантанамо

Владата на американскиот претседател Џо Бајден отвори официјална постапка за иднината на американскиот затвор Гвантанамо на Куба, оживувајќи ја старата идеја на поранешниот претседател Барак Обама да го затвори тој контроверзен затвор.

Соработниците на Бајден вклучени во разговорите размислуваат за извршна наредба што Бајден би ја потпишал во наредните недели или месеци, изјавиле за „Ројтерс“ два извора во врска со потегот со кој би се отстранило она што активистите го нарекуваат дамка врз глобалниот углед на Америка.

Бајден за време на кампањата во 2020 година објави дека ќе го поддржи затворањето на Гвантанамо, но конкретно не кажа како планира да го стори тоа.

И покрај иницијативата, Гвантанамо ќе биде тешко да се затвори во блиска иднина поради политичките и правните пречки со кои се соочува новата влада по ова прашање.

Основан по терористичките напади на 11 септември 2001 година за странски осомничени, затворот стана симбол за прекумерната употреба на сила, суровите методи на испрашување и затворските казни без судење во американската војната против тероризмот.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури