Утрински Весник
Македонија

Заев: Младите гледаат дека се залагаме и се приклучуваат кон нашето големо социјалдемократско семејство

Заев: Младите гледаат дека се залагаме и се приклучуваат кон нашето големо социјалдемократско семејство

Претседателот на СДСМ Зоран Заев попладнево беше во посета на Тетово каде се сретна со претставници на Општинската организација на СДСМ и го следеше процесот на ажурирање на членството.

Како што информираат од владејачката партија, тој се сретнал и со нови млади членови кои му се приклучиле на СДСМ.

,,Драго ми е што на најпрогресивната партија и се приклучуваат млади. СДСМ е партија каде се слуша гласот на младите. Низ овие години заедно со СДММ покажавме што значи вистинска поддршка и грижа за младиот човек. Сериозно ја намаливме младинската невработеност и ги зголемивме средства што како грантови ги доделуваме за самовработување и отворање нови работни места. Нашите политики што ги градиме и спроведуваме се во насока на обезбедување подобри услови за живот на младите. Тоа е препознаено и од младите и затоа се приклучуваат на нашето големо социјалдемократско семејство. Последните податоци покажуваат дека над 50.000 членови го имаат ажурирано своето членство. Тоа ја покажува сплотеноста на СДСМ и желбата, заедно да се подобруваме“, нагласил Заев.

На новите членови Заев тој им порачал да бидат активни и да ја искористат приликата да им помогнат на граѓаните.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово