Најтрофејниот Формула 1 тим, Ферари првпат го запали својот мотор пред промоцијата на новиот болид во февруари за стартот на новата сезона.
Скудерија влегува во 2021 по најлошата сезона во последните децении, завршувајќи ја на шестото место, најслабо од 1980 година. Новиот болид, засега ќе биде познат како СФ21.
„Нашата сезона 2021 почнува тука. Можеме да очекуваме многу предизвици на нашиот тим и посветени сме да бидеме подобри. Болидот е подобрен во сите области каде што е дозволено според правилата. Мораме да работиме на посветен и фокусиран начин и да покажеме каде сакаме да одиме. Но, сега е време да зборува СФ21“, објавија од тимот.
Во 2021 Ферари исто така влегуваат со променет возачки состав, откако Карлос Саинс Јуниор од Мекларен го замени Себастијан Фетел, додека Шарл Леклер останува за трета сезона со Скудерија.
The 2021 season starts here ?#essereFerrari ? #SF21 pic.twitter.com/1LfRYQFiqu
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 12, 2021
> Ферари првпат го запали моторот за новата сезона <