Утрински Весник
Свет

Директорот на „Гамалеја“: Докажано е дека „спутник В“ штити најмалку 9 месеци

Директорот на „Гамалеја“: Докажано е дека „спутник В“ штити најмалку 9 месеци

Александар Гинзбург, директор на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, рече дека е докажано дека вакцината против Ковид-19, „спутник В“, обезбедува имунитет најмалку девет месеци, пренесува ТАСС.

„Во моментов, можеме експериментално да гарантираме дека вакцината „спутник В“ обезбедува имунитет околу девет месеци и нешто повеќе од тоа“, рече Гинзбург за телевизијата Русија 24, наведува агенцијата.

Тој додаде дека тој и голем број други истражувачи на Институтот „Гамалеја“ биле меѓу првите кои ја примиле вакцината „спутник В“.

„Нивото на нашите заштитни антитела во моментов одговара на нивото кое на сите ни овозможува да донираме плазма за оние кои ја имаат оваа болест“, изјави рускиот научник, пренесува агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Повеќе од 900 лица евакуирани по ерупцијата на вулканот Семеру во Индонезија

ВРТ: Дел од „дроновите“ регистрирани на небото над Белгија всушност не биле дронови

Се продлабочува јазот помеѓу богатите и сиромашните – милијардерите од Г20 би можеле да ја искоренат светската сиромаштија