Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, бил потешко болен отколку што тогаш се прикажуваше во јавноста, нивото на кислород во крвта во еден момент нагло му се намалила и развил проблеми со белите дробови, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на четири лица кои биле запознаени со неговата здравствена состојба додека се лекуваше од коронавирус, додека друга личност од потесниот круг на Трамп го негира тоа.
Пред да биде однесен во Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“, прогнозата била толку загрижувачка што официјалните лица веруваа дека ќе треба да се стави на апарати за дишење, изјавија два извори за „Њујорк тајмс“.
Луѓето запознаени со здравјето на тогашниот претседател изјавија дека тој развил еозинофилна пневмонија, позната како белодробни инфилтрати со еозинофилен синдром (ПИЕ). Болеста се јавува кога белите дробови се воспалени и се акумулираат бактерии или течност.
Присуството на течност или бактерија, особено кога пациентот има други симптоми, може да биде знак на акутна состојба.
Според извор цитиран од американскиот весник, нивото на кислород на поранешниот претседател Трамп во еден момент паднала на 80, а болеста се смета за сериозна ако падне под 90.
Претходно беше објавено дека Трамп имал треска и отежнато дишење на 2 октомври.
Поранешниот претседател неволно ја напуштил Белата куќа и отишол во болница само кога неговите соработници му рекле дека може или да оди сам или да ризикува да биде изнесен од припадниците на тајната служба ако ситуацијата се влоши, тврди „Њујорк тајмс“.
Медицинскиот тим на Трамп, според „Њујорк тајмс“, настојувал да ја минимизира сериозноста на неговата состојба.
Тој ја напушти болницата по три дена и организираше кратко возење со неговиот блиндиран џип за да им мавта на приврзаниците кои беа собрани пред зградата.
Но, друга блиска личност на поранешниот претседател ги демантира тврдењата на медиумите дека Трамп бил сериозно болен.