Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Англичаните дознаа колку Карло Анчелоти е кул!

Англичаните дознаа колку Карло Анчелоти е кул!
Img 7972

Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, не само што го трансформираше ливерпулскиот клуб со своите игри, туку и ги воодушевува Англичаните со својот стил, своето однесување и својата неверојатна смиреност, која ја покажа во најдраматичниот меч во 2021, кога вчера Евертон со 5:4 по продолженијата го совлада Тотенхем во ФА купот.

Додека зад него, клупата на Евертон и неговиот помошник Данкан Фергусон лудо славеа, Анчелоти само смирено си го ладеше своето кафе. Секако, ова . и кул однесувањето на Карлето станаа предмет на мемиња на Интернет, а неговиот помошник Фергусон убаво ја објасни реакцијата.

„Анчелоти навистина видел се во животот, нели? Мечот беше одличен од почеток до крај, но јас не успеав да бидам толку смирен“, вели Фергусон.

Англискиот весник „Дејли телеграф“ дури објави напис со името „Зошто сите сакаме да бидеме како Карло Анчелоти“.

> Англичаните дознаа колку Карло Анчелоти е кул! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица