Утрински Весник
Македонија

Скопјанец осомничен за кражба на незаклучен автомобил

Скопјанец осомничен за кражба на незаклучен автомобил

Скопското основно јавно обвинителство поведе постапка за едно лице, осомничено за кривично дело -кражба.

Според соопштението од обвинителството, осомниченото лице, на 9 февруари, украло автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари.

„Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и го стартувал со клучот кој бил во возилото, по што го напуштил местото“, објаснуваат од Обвинителството.

На 33 годишното осомничено лице, одредена му е мерка притвор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

Нов мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски