Утрински Весник
Спорт

Гут-Бехрами ја освои титулата во супер велеслалом

Гут-Бехрами ја освои титулата во супер велеслалом

Лара Гут-Бехрами го освои својот прв златен медал на големите натпреварувања. Швајцарката, на Светското првенство во Корина д’Ампецо, победи во супер велеслалом.

Гут-Бехрами, потврди дека во извонредна форма дојде на светскиот шампионат. Со стартен број седум, таа во целта, влезе со време 1:25.51 минути. Нитуе една од натпреварувачките што стартуваа по неа, не успеаја да го подобрат ова време.

На подиумот покрај Гут-Бехрами се искачија и Карин Зутер, односно Микаела Шифрин, кои стартуваа пред победничката.

Зутер, од сонародничката имаше послаб резултат за 34 стотинки, додека бранителката на титулата од претходниот Мундијал, Шифрн задоцни за 47 стотинки.

За 29-годишната Швајцарка ова е прв златен медал во кариерата, од претходните натпреварувања има три светски сребра и две бронзи, а има и бронзен медал во спуст од ОИ во Сочи.

На Светското првенство, во сабота, на програмата се трките во спуст, во машка и женска конкуренција.

> Гут-Бехрами ја освои титулата во супер велеслалом <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата