Утрински Весник
Свет

Руската амбасада под опсада од Хрвати поради вакцината

Руската амбасада под опсада од Хрвати поради вакцината

Илјадници хрватски граѓани деновиве ја контактираа руската амбасада во Загреб во потрага по руска вакцина против коронавирус.

Сепак, хрватските власти сè уште не испратиле официјално барање во врска со набавката на „спутник В“, пишува „Вечерњи лист“.

Весникот наведува дека руската амбасада е под опсада oд Хрвати и дека одговара на десетици и десетици прашања од хрватски граѓани испратени по телефон или електронска пошта секој ден за тоа како да се добие руската вакцина.

„Секако дека би сакале да помогнеме, но не вакцинираме и не набавуваме вакцини“, изјавија од амбасадата за „Вечерњи лист“, додавајќи дека само руски граѓани се вакцинираат во Русија.

Според руската амбасада, за увоз на какви било лекови во Хрватска потребни се соодветни дозволи од државните органи и надлежните институции на Европската Унија.

Рускиот амбасадор во Хрватска, Андреј Нестеренко, неодамна во интервју за „Вечерњи лист“ истакна дека се подготвени да разгледаат конкретни детали за испорака на дози на „спутник В“ во Хрватска, доколку таа тоа го побара.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени