Утрински Весник
Македонија

Годишно во сообраќајни несреќи во Македонија гинат по 35 пешаци во просек

Годишно во сообраќајни несреќи во Македонија гинат по 35 пешаци во просек

Статистиката покажува дека пешаците, особено повозрасните пешаци, и понатаму остануваат една од најранливите и најзагрозените групи учесници во сообраќајот, соопшти Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во просек има по 30 до 35 загинати пешаци во сообраќајни незгоди годишно, при што повеќе од 50 % од загинатите пешаци се возрасни лица над 60 години.

„Од 25 до 30 % од вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди, се пешаци. За жал и покрај тоа што спаѓаат во групата на ризични и ранливи групи на учесници во сообраќајот, пешаците се истовремено и најнедисциплинирани учесници во сообраќајот“, велат од РСБСП и додаваат дека главниот проблем е тоа што кај пешаците недостасува чувство дека и тие се активни учесници во сообраќајот и дека и за нив важат сообраќајни правила и прописи кои мораат да ги почитуваат.

РСБСП наведува дека пешаците се најмасовна и најранлива група учесници во сообраќајот, а истовремено и најмалку контролирана и најмалку санкционирана.

Исто така, велат од таму, може да се каже дека и возачите не ги почитуваат пешаците како рамноправни и ранливи учесници во сообраќајот, и за жал последицата од таквиот пристап е од 30 до 35 загинати пешаци во сообраќајни незгоди просечно годишно, при што повеќе од 50 % од загинатите пешаци се возрасни лица над 60 години.

РСБСП потсетува дека обврска на возачите е да се движат со особено внимание секогаш кога се приближуваат кон пешачки премин, да ја намалат брзината и да ги прoпуштат пешаците на пешачкиот премин, но тоа никако не значи дека пешаците имаат апсолутно право на првенство на минување. Напротив, пешакот е должен да ја помине улицата на пешачки премин откако ќе се увери дека тоа може да го направи без да го загрози безбедното одвивање на сообраќајот, односно откако ќе се увери дека возилата што се движат на коловозот се во можност безбедно и навреме да застанат. Непочитување на ова правило од страна на возачите и на пешаците е најголема причина за сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег