Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Милошоски да поднесе оставка откако документи потврдија дека бил осуден во Германија

СДСМ: Милошоски да поднесе оставка откако документи потврдија дека бил осуден во Германија

 

Пратеникот Антонијо Милошоски  мора да се извини и да си даде оставка од функцијата пратеник, откако информациите во медиумите се поткрепени и со документи дека пратеникот во Германија бил осуден и казнет за кривични дела, велат од СДСМ.

„Ова е срамен и нечесен однос од ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и доказ дека ништо не се менува во оваа партија, дека таму се уште силно е присутна криминалната, режимска матрица“, стои во соопштението од СДСМ.

Додаваат дека со ваквиот чин се нарушува меѓународниот углед на државата и истовремено уште еднаш се покажува вистинското антидржавно и неодговорно лице на Милошоски и Мицкоски.

„Граѓаните знаат дека против Милошоски се води предмет и постапка и пред македонските судови, знааат дека Милошоски ја злоупотребува говорницата во Собранието да шири лажни вести, знаат дека тој и Мицкоски се на браникот на криминалот“, истакнуваат од СДСМ.

„Милошоски да не се крие, да престане да лаже и да даде оставка од функцијата пратеник во Собранието“, бара партијата на власт.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт