Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

ЛВМХ и Ријана прават пауза во модниот потфат „Фенти“, се фокусираат на долна облека и козметика

ЛВМХ и Ријана прават пауза во модниот потфат „Фенти“, се фокусираат на долна облека и козметика
300x250 opst2

Сопственикот на модниот бренд Луј Витон, групацијата ЛВМХ, и музичката sвезда Ријана се договорија да ја прекинат нејзината модна линија „Фенти“ помалку од две години по нејзиното лансирање, соопшти во средата францускиот гигант за луксузни производи.

ЛВМХ во изјавата наведува дека активноста на „Фенти“, со седиште во Париз, „ќе биде ставена во мирување во очекување на подобри услови“, што според модните аналитичари, е редок неуспех за луксузната модна групација која ја надмина кризата со коронавирусот подобро од повеќето ривали.

Аренби пејачката и LVMH го лансираа модниот бренд „Фенти“ во мај 2019 година, што беше втор пат за француската групација да постави етикета од нула, во услови на зголемена побарувачка за луксузни соработки со славни личности.

LVMH не ги образложи причините за притискање на копчето за пауза, но по големата промоција и дебитантска колекција, брендот задржа релативно тивок профил и никогаш не следеше големи маркетиншки настани, дури и пред Ковид-кризата, коментираат медиумите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи