Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сообраќајот во земјата се одвива непречено, но возачите да внимаваат на влажните коловози

Сообраќајот во земјата се одвива непречено, но возачите да внимаваат на влажните коловози
Img 7972

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму ги потсетуваат возачите дека од 15. ноември 2020 важи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Оваа обврска ќе трае до 15. март годинава.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане со собирање политички поени на најголемата трагедија која ја потресе Македонија

Пред бројни гости свечено се отвори „Букстар“, врачена наградата на Блаже Миневски

Стејт департмент: Северна Македонија вложува значителни напори, но се уште не се исполнети стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе