Утрински Весник
Магазин

Сандра Булок и Бред Пит во еден од најочекуваните филмови годинава

Сандра Булок и Бред Пит во еден од најочекуваните филмови годинава

Сандра Булок му се придружува на Бред Пит во трилерот Bullet Train („Брз воз“), нивниот прв заеднички филм иако се пријатели со децении.

Порталот „Дедлајн“ објави во вторникот дека Булок (56) ќе глуми со поранешниот сопруг на нејзината добра пријателка Џенифер Анистон, Бред Пит (57), во еден од најочекуваните нови филмови во 2021 година.

Акциониот филм е базиран на романот „Марија битл“ од јапонскиот автор на бестселери Котаро Исака.

Режисер на филмот е Дејвид Лич („Дедпул“, „Џон Вик“), а на Сандра и Бред ќе им се придружат Џои Кинг, Арон Тејлор Џонсон, Мајкл Шенон, Логан Лерман и други.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Спиењето во целосна темница може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Тие се најголемите хипохондрици во хороскопот и животот е тежок со нив

Обид за убиство на Аца Лукас – настапот на Јахорина откажан