Утрински Весник
Спорт

АС ги одбра 11 најдобри во историјата

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
300x250 opst2

Еден од најтиражните спортски весници во Шпанија, АС, организираше избор на најдобрите 11 во историјата на фудбалот.

Вечната дилемата, околу најдобрите 11 во фудбалската историја, АС на решавање му ја доделил на жири составено од 17 членови. Во жирито имало спортски новинари и поранешни фудбалери, секој од нив го составил својот идеален тим, а потоа играчите со најмногу гласови биле „префрлени“ во идеалниот тим.

Најдобриот тим во историјата, според АС, изгледа вака:

Икер Касиљас – Серхио Рамос, Франц Бекенбауер, Роберто Карлос – Чави, Јохан Кројф, Диего Марадона, Пеле – Криситијано Роналдо, Лионел Меси, Алфредо ди Стефано.

> АС ги одбра 11 најдобри во историјата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кошаркарките на Баскет Кам го освоија Супер купот

Осма титула во Супер купот за МЗТ Скопје Аеродром

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете