Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Министерство за култура раскинало договори вредни 1,147 милиони евра, другите исплати се блокирани

Министерство за култура раскинало договори вредни 1,147 милиони евра, другите исплати се блокирани
300x250 opst2

Министерството за култура соопшти дека во периодот од 1 септември минатата година до крајот на минатиот месец, поради нереализирани проекти и неуредна финансиска документација, раскинало договори во вкупен износ од 70.776.722,00 денари, односно 1,147 милиони евра. Исто така, сѐ додека не завршат финансиските контроли, сите исплати кон другите корисници ќе бидат замрзнати.

По внатрешната ревизија што министерството ја извршило, наодите од него по службена должност ги испратило до Секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор при Министерството за финансии, до Управата за финансиска полиција и до Антикорупциска комисија.

Во соопштението се наведува и дека според усвоените заклучоци од вчерашната седница на Владата, Министерството за култура нема да ги исплаќа средствата кон другите корисници до завршување на финансиските контроли.

„Сите информации ќе бидат познати по завршените контроли, за што подетално треба да се произнесат органите кои се повикани. Очекуваме Финансовата полиција и ДКСК во најбрз можен рок да постапат заради расчистување на евентуални злоупотреби“, порачаа од Министерството за култура.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Двегодишно дете од липковско испило таблета – пренесено во болница во Куманово

ДКСК: Само 42% од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори 2025

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери