Утрински Весник
Македонија

(Видео) Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ почнува со собирање на граѓански потписи за фер попис

ВМРО-ДПМНЕ: Со покачување на струјата Заеви се богатат, а граѓаните осиромашуваат

 

Станува јасно дека власта предводена од Заев наместо статистичка во пописот гледа политичка операција која што е коалиционен договор и е надвор од стандардите на Европската Унија, изјави на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„ Власта го политизира пописот по два основи. Прво самите претставници на власта почнаа со лицитирање на проценти кој и колкав процент треба да биде за пописот да биде признаен или непризнаен и второ власта видовме дека по директива на Заев ја одби и граѓанската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на потписи за поништување на овој неевропски Закон за попис. Со тоа власта на Заев покажува дека се плашат од граѓански потписи бидејќи Заев и неговите министри се многу свесни дека големото мнозинство на граѓани во Македонија се сомнева дека овој попис ќе биде политички фалсификат наместо да биде веродостојна статистика. Во спротивно ќе прифатеа граѓаните на регуларен начин преку Министерството за правда да ги соберат потписите за спротивставување на ваквиот закон“ рече Милошоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и покрај ваквите институционални пречки ќе ја започне иницијативата на собирање на потписи од сите граѓани, една натпартиска иницијатива каде што ќе може да се потпише секој оној граѓанин кој што се залага за фер, европски и веродостоен попис во Македонија.

Милошоски рече дека дополнително ќе ги соопштат пунктовите и местата каде што секој граѓанин ќе може да го даде својот потпис и тие потписи заедно со иницијативата на пратениците, како што нагласи ќе значат една сериозна, легитимна операција, проект кој што ќе биде доставен до Собранието со сериозна граѓанска тежина преку која што ќе се утврди дека власта има сериозна опозиција кај самите граѓани кои што не и веруваат на власта дека е спремна да спроведе статистички и европски попис.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за поранешен министер за култура

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука