Утрински Весник
Свет

Руските власти издадоа потерница за близок соработник на Навални

Руските власти издадоа потерница за близок соработник на Навални

Руските власти издадоа потерница за Леонид Волков, близок соработник на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Соработникот на Навални ги повика граѓаните на Русија на 14 февруари, на Денот на вљубените, да се соберат пред своите куќи, да ги запалат лампите на нивните мобилни телефони и свеќите во форма на срце, да го снимат чинот и да го споделат на социјалните мрежи.

Агенцијата „Интерфакс“ објави дека Волков моментално е во странство, пренесува „Ројтерс“.

Од апсењето на Алексеј Навални, познат критичар на рускиот претседател Владимир Путин, десетици илјади Руси протестираа на улиците на руските градови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи