Утрински Весник
Свет

(Видео) Првата арапска сонда успешно стигна на Марс

(Видео) Првата арапска сонда успешно стигна на Марс

Обединетите арапски емирати вчера напишаа ново поглавје во арапската историја. Нивната роботска сонда Ал Амал (во превод: надеж) успешно влезе во орбитата над Црвената планета, со што започна двегодишна мисија за мапирање и собирање податоци за климата на Марс.

Наведената мисија се следи со големо внимание во оваа мала заливска држава, досега позната по своите грандиозни облакодери на сред пустина отколку по научни достигнувања. Дури и екраните во подножјето на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, емитуваа вести и снимки во живо од нивната прва вселенска експедиција. Властите не пропуштаат да го искористат овој потфат во промоцијата на туризмот. Така, сите патници на локалните аеродроми, исто така, добиваат „марсовски“ печат во нивните пасоши.

Ова е прва од трите мисии на Марс во наредните недели. Кинескиот „Тјанвен-1“ планира да постави возило во близина на кратерот наречен „Утопија Планитија“ во мај, додека НАСА треба да истражува поранешно езеро на северната хемисфера на планетата веќе следната недела. Американците веруваат дека ова е област каде што има најголеми шанси да се најдат траги на живот, ако воопшто постоел таму. Како дел од тоа пребарување, тие за првпат ќе тестираат роботски хеликоптер, кој ќе се користи за следење на истражувањето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа