Манчестер јунајтед разгледуваат повеќе фудбалери од одбраната, но и од нападот, пред да направат проценка по кои ќе тргнат ова лето, со зголемен буџет во обид да се борат за титулата следната сезона, тврди весникот „Манчестер ивнинг њуз (МЕН)“
Јунајтед имаат најлош скор од топ 10 во Премиер лигата со 30 гола во 23 натпревари, шест помалку од вкупно примените голови оваа сезона на 15 меча пред крајот. Од друга страна, лидерите Манчестер сити имаат примено само 14 гола, откако го донесоа Рубен Дијаш за 64.3 милиони фунти, кој претходно беше на мета на Јунајтед кога менаџер беше Жозе Мурињо во 2018 година.
Од друга страна, Јунајтед се најдобри стрелци во лигата со 49 гола, помогнати од Единсон Кавани, но тој ќе наполни 34 години и иако остане уште една сезона, „ѓаволите“ мораат да размислуваат за долгорочно решение, како Ерлинг Халанд.
Друга голема желба на Солскјер е дефанзивецот Дајот Упамекано од РБ Лајпциг, но и Рафаел Варан и Серхио Рамос од Реал Мадрид – на едниот договорот му завршува следното лето, додека Рамос е достапен како слободен играч веќе во јуни.
> Манчестер јунајтед ќе купуваат на „големо“ ова лето? <