Утрински Весник
Свет
Img 7972

Силни земјотреси ја погодија Турција

Силни земјотреси ја погодија Турција
300x250 opst2

Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди централна Турција, објави Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

АФАД на својата официјална веб-страница објави дека земјотресот се случил во 18:51 часот по локално време во областа Тузлукчу. Земјотресот бил на длабочина од седум километри.

„Досега не се пријавени жртви“, напиша министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на Твитер.

Во истата област биле регистрирани уште два земјотреса, со јачина од 4 степени во 18 и 52 часот и од 4,1 степени од 18 и 33 часот.

Турција е меѓу најсеизмички активните зони во светот. Минатиот октомври, силен земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди егејската провинција Измир, при што загинаа најмалку 116 лица, а над 1.000 беа повредени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври