Утрински Весник
Свет

Студен бран и снег во Германија, сообраќајот парализиран

Студен бран и снег во Германија, сообраќајот парализиран

Невообичаено ниските температури и снежните врнежи продолжуваат да предизвикуваат големи проблеми во сообраќајот во многу делови на Германија.

На еден од најважиот автопат во земјата што ги поврзува источна и западна Германија, возачите поминале 16 часа од вчера до денеска на температури до -10 степени. Автопатот бил блокиран неколку часа.

Германската железница (Дојче Бан) исто така објави неколкучасовно доцнење и откажување на некои линии.

„Нашите тимови ги расчистуваат главните правци од снег дење и ноќе, но сообраќајот е отежнат“, велат од Германска железница.

Снег сè уште паѓа во северниот дел на Германија, кој продолжува да го блокира сообраќајот на пругите меѓу Хамбург, Келн и Берлин.

Германската метеоролошка служба најавува обилни врнежи од дожд за денеска, особено долж бреговите на Северното и Балтичкото море.

Поради лошите временски услови, отежнат е и воздушниот сообраќај, а аеродромот во Дортмунд целосно го прекина сообраќајот.

Зголемувањето на температурите се очекува кон крајот на неделава, но сѐ уште се прогнозира студено време со температури околу нулата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите

Австриската влада потроши 5,8 милиони евра за рекламирање во првата половина од годината

Над пет милиони луѓе во Италија живеат во апсолутна сиромаштија