Утрински Весник
Македонија

Во Македонија 476 нови случаи на коронавирус, починаа девет лица

Во Македонија 476 нови случаи на коронавирус, починаа девет лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 476 нови случаи на коронавирус, 407 оздравеа, а девет лица починаа, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.863 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 221, Прилеп и Кавадарци – по 31, Охрид – 24, Велес – 23, Куманово – 20, Тетово – 12, Битола – 11, Делчево – 9, Струмица, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 8, Крива Паланка – 7, Гостивар и Кичево – по 6, Штип, Струга, Пробиштип и Крушево – по 5, Радовиш, Берово, Виница, Валандово, Демир Хисар и Кратово – по 2, Македонски Брод, Дебар и Дојран – по еден.

Регистрирани се 407 оздравени пациенти од: Скопје – 176, Охрид – 36, Тетово – 29, Куманово – 22, Струга – 19, Велес – 18, Гостивар – 15, Кичево – 12, Струмица – 11, Дебар – 10, Битола и Кавадарци – по 7, Штип и Гевгелија – по 6, Берово – 5, Кратово – 4, Кочани, Свети Николе, Ресен и Пробиштип – по 3, Прилеп, Неготино, Крива Паланка и Виница – по 2, Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно девет починати лица. Починати се четворица пациенти од Скопје (53г, 67г, 68г, 74г), и по еден смртен случај од Прилеп (68г), Велес (75г), Охрид (72г), Струмица (81г), Кочани (63г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени 474.280 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации